Рекламен простор

ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА ПИПЕРКИ ГО БЛОКИРАА ПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА

Ниската откупна цена на пиперката го блокира патниот правец Прилеп - Битола.

Со блокада на патниот правец Прилеп – Битола , кај кружниот тек Тополчани во траење од еден час, земјоделците од пелагонискиот регион го изразија своето незадоволство поради како што рекоа застојот во откупот и ниската цена на пиперката ајварка од само 15 денари за килограм.

Итно постапување по доставените барања и предлагање конкретни мерки за надминување на состојбата, порачаа незадоволните земјоделци од пелагонискиот регион поради како што рекоа застојот во откупот и ниската цена на пиперката ајварка од само 15 денари за килограм.

Непречен и навремен откуп на пиперката,итна заедничка средба,економски оправдана откупна цена, интервентна финансиска поддршка од Владата, итна исплата на заостанатите субвенции се барањата кои незадоволните земјоделци ги доставија до Владата. Доколку Владата и Министерство за земјоделие останат глуви на барањата, земјоделците од пелагонискиот регион најавија радикализација на протестите.

‍

Поврзани вести