Соларната енергија и енергетската транзиција во фокусот на „Соларен саем Прилеп“.
Утре (16.09.2026 година) на Градскиот плоштад, од 11:00 до 14:00 часот, во организација на Центарот за климатски промени, ќе се одржи настанот Соларен саем Прилеп. до 14:00 часот
Посетителите ќе можат да се информираат за придобивките од користење соларна енергија, можностите за поставување фотонапонски системи во домаќинствата, како и пошироките чекори за вклучување во енергетската транзиција, вклучително и концептот на просумер - граѓанин кој произведува и троши сопствена електрична енергија.
Настанот е дел од пошироките напори за зголемување на јавната свест за одржливи енергетски решенија и поттикнување на енергетската транзиција.
Во рамки на саемот ќе бидат поставени штандови од различни организации и компании со што граѓаните ќе можат директно да се информираат за технички решенија, понуди и практични аспекти за инсталација,а сите присутни ќе може да видат како може да се произведува струја со помош на велосипед.


