Рекламен простор

СЕДМО ИЗДАНИЕ НА ТЕАТАРСКИОТ ФЕСТИВАЛ ЗА ДЕЦА „СИЛЈАН ШТРКОТ“

Седумдневната програма носи детски претстави, работилници, проекции и посета на родното село на Силјан – Коњари.

По седми пат ќе се одржи Театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“.

Од овој викенд, па во наредните седум дена, најмалите ќе имаат можност да уживаат во детски претстави, работилници, проекции, како и посета на родното село на Силјан – Коњари, во рамките на седмото издание на Театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“.

Со детската претстава „Пинокио“ на Битолскиот театар, оваа сабота ќе започне седмото издание на Театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“. Во следните седум дена, програмата ќе биде збогатена со театарските претстави „Мачорот во чизми“ – Театар Арториум и „Љубопитната принцеза“ – Театар Колозов, работилници и проекции.

Оваа година ќе биде организирана и посета на родното село на Силјан – Коњари, каде што најмалите ќе можат одблизу да се запознаат со почетоците и патот на приказната за Силјан.

‍

Поврзани вести