Рекламен простор

PRILEP JAZZ WEEKEND – 15-ТО ЈУБИЛЕЈНО ИЗДАНИЕ

Prilep Jazz Weekend 15 години е дел од културниот живот на Прилеп

Prilep Jazz Weekend годинава го одбележува јубилејот со 15-то издание, кое ќе се одржи од 1 до 3 октомври. Во разговорот за „Клуб Деница“, организаторите зборуваат за патот на фестивалот, публиката која растеше заедно со него, музичарите и пријателствата што останаа, предизвиците зад сцената, но и за идеите со кои гледаат кон иднината.

Prilep Jazz Weekend веќе 15 години го претставува најдоброто од современиот џез од Македонија и од регионот. Со текот на годините фестивалот растеше во секој поглед, носејќи врвни домашни и балкански имиња. Организациски станавме позрели и постабилни.Но, најголемата промена се случи кај публиката – таа порасна заедно со фестивалот. Денес имаме публика со изграден вкус, која точно знае што да очекува и која со нетрпение го чека секое следно издание.

Prilep Jazz Weekend со големо задоволство го најавува петнаесеттиот по ред Prilep Jazz Weekend, кој ќе се одржи на 1, 2 и 3 октомври.За овој јубилеј подготвува  програма која е концептуално богата. Публиката ќе има можност да ужива во спој на искуството и новата енергија – ќе настапат извонредни домашни изведувачи со нови проекти. Во ова 15-то издание, со акумулирано искуство и впечатоци, ќе биде домаќин на артисти кои ќе донесат жанровска разноличност и нови возбудувања.

Честа да го отворат овогодишниот фестивал ја имаат Глигор Кондовски и Дориан Јовановиќ со проектот „Crypt“. Станува збор за македонски музичари со експериментален пристап кон звукот и истражување на односот меѓу акустичните инструменти и електрониката.Првата вечер ќе ја затвори SETHSTAT, бендот кој настапи и на првиот Prilep Jazz Weekend пред 15 години, со материјал од новиот албум. SETHSTAT е македонски џез-фјужн и њу-џез состав.Вториот ден ќе му биде посветен на џез-движењето од Скопје „Џез за чудаци“, како прослава на чудните звуци и уште почудните луѓе што ги создаваат.За крај е „Пијан Славеј“, музичко-поетски формат на Бранислав Николов, Пеце Трајковски и Славчо Јовев, тројцата од „Фолтин“. Во срцето на проектот е идејата да се креира нова македонска шансона, која го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век.PEACH VICE  е пост-пандемски бенд кој својот прв албум го издаде во 2023 година.Ги покануваме сите да дојдат, да уживаат во програмата и заедно да ги одбележиме овие 15 години.

Поврзани вести