Рекламен простор

КОМПАНИЈАТА ВИК СО НОВИ ДОНАЦИИ ЗА ПРИЛЕПСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ

Компанијата донираше опрема за ОУ „Климент Охридски“, детската градинка во Вишне и Градската болница „Борка Талески“, со цел подобрување на условите за децата, учениците и најмладите пациенти.

Компанијата ВИК продолжува со поддршката на локалната заедница преку донации за прилепските институции. Денеска помош добија ОУ „Климент Охридски“, детската градинка во Вишне и Градската болница „Борка Талески“. Донациите се наменети за подобрување на условите за децата, учениците и најмладите пациенти.
Поддршката за локалната заедница, велат од ВИК, продолжува преку конкретна помош за институциите кои се директно поврзани со децата.

Денеска претставници на компанијата ги посетија ОУ „Климент Охридски“, детската градинка во Вишне и Градската болница „Борка Талески“, каде што се реализирани различни донации.

Во ОУ „Климент Охридски“ донацијата е наменета за учениците кои следат настава во специјалните паралелки. Со средствата од ВИК е опремена сензорна соба, а дополнително се опремени и кабинетите кои ги користат околу педесет ученици со попреченост. Новата опрема треба да им овозможи на учениците подобри услови за работа, учење и развој, но и подобри услови за стручните лица кои работат со нив.

‍
Од училиштето, поддршката продолжи и во детската градинка во Вишне. Со средства од компанијата е уреден дворот на градинката и поставено детско катче, со што најмладите добија простор за игра и престој на отворено. Од ВИК велат дека ваквите донации се дел од определбата на компанијата да биде поддршка на заедницата во која работи, со посебен фокус на децата и создавањето подобри услови за нив.

Донација денеска доби и Градската болница „Борка Талески“. На детското одделение се донирани креветчиња за децата кои се лекуваат и престојуваат во одделението, со што треба да се подобрат условите за нивниот престој во болницата.

Ова не е прва донација на ВИК за прилепската болница. Компанијата и претходно има поддржано подобрување на условите и опремата на одделенијата наменети за најмладите пациенти.

Од училиштето и градинката, до здравствената установа, денешните донации се насочени кон подобрување на условите за најмладите.

Од ВИК најавуваат дека поддршката за локалната заедница ќе продолжи и во иднина.

‍

‍

‍

Поврзани вести