Уметноста како средство за промоција на еколошките навики и односот кон природата.
Може ли отпадот да добие нова вредност? Учениците од Прилеп и Кривогаштани ќе покажат како преку уметност, ракотворби и рециклирање отпадот може да се претвори во нешто ново и корисно.
Утре (16.09.2026 година) во Паркот кај Судот, од 10.00 до 13.00 часот, ученици од Прилеп и Кривогаштани ќе покажат како преку уметност, ракотворби и рециклирање отпадот може да добие сосема нова вредност.
„Отпадот не мора да биде само нешто што се фрла, туку може да се претвори во корисен, убав и вреден производ“, истакнаа организаторите.
Едукацијата преку интерактивни активности е клучна за подигнување на свеста за чиста животна средина кај најмладите.
Настанот го организира Здружението за образование, култура и уметност ЗОКУМ – Прилеп, во соработка со СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп.
Настанот е дел од проектот „Млади за зелена транзиција – од урбана градина до екопроизвод“, кој го спроведува „Пипл ин Нид“ (People in Need), со поддршка од Европската Унија.




